Фото: Fulham FC/X

Доцнеше почетокот на натпреварот Фулам – Ливерпул, му се слоши на навивач на трибините

Натпреварот од Премиер лигата меѓу Фулам и Ливерпул беше одложен за 15 минути поради здравствен проблем на еден навивач на трибините.

Непосредно пред почетокот на средбата на „Кревин Котиџ“ настана вознемирувачка ситуација, откако на еден фан му се слоши, по што мораа да реагираат медицинските екипи. Играчите и судиите останаа во соблекувалната, додека траеше интервенцијата.

Стартот на натпреварот беше дозволен дури откако здравствените служби ја завршија својата работа и ситуацијата беше ставена под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот