Oдбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Гордана Сиљановска - Давкова - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Добро е што ќе има нов закон за помилување, бидејќи актуелниот не личи на закон, смета Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска зборуваше за помилувањето, за кое рече дека не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата.

Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, нагласи таа, имаат право на втора шанса.

„Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите“, кажа Сиљановска-Давкова во излагање на научно-стручната расправа по предлог-законот за помилување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Претседателката смета дека „нашите затвори сè уште не го исполнуваат овој услов“ и потсети на укажувањата дека можеме да се најдеме на удар на Советот на Европа, дури и за елементи на тортура за постапувањето кон луѓето во затворите, пренесува МИА.

„Добро е што се седна да се изработи нов закон бидејќи актуелниот не личи на зако, особено ако мора да го читаме низ призма на она што го стори Уставниот суд менувајќи многу одредби“, рече таа, дополнувајќи дека членовите на Комисијата не може да имаат истражни надлежности и да бараат информации од судовите или агенциите и оти во нејзиниот состав не траба да бидат судии, адвокати…

Претседателката отвори неколку прашања поврзани со законот пред експертите од оваа област. Законските решенија, според неа, треба да се креираат имајќи предвид разни профили на претседатели, а меѓу прашањата што ги отвори сесведувањето на минимум на дискрециското право на одлучување, одредба за Комисијата за политички систем, досегашната и идната улога на Министерството за правда…

„Бидејќи во ова постапување има секогаш простор за дискреционо однесување, прашањето е како да се сведе на минимум или дури како да се анулира дискрецијата оти во демократски систем не треба да има простор за вакво постапување. И јас затоа одговорно овде тврдам дека секогаш работата сум ѝ ја оставала на Комисијата. Како што ќе одлучи Комисијата, така се однесувам и јас“, рече Сиљановска-Давкова додавајќи дека можеби тоа треба да се внесе во законот.

Правните експерти уште од лани се во потрага по механизам, со цел да не ни се повторат помилувања на осуденици кои додека ја издржуваат казната вршат ново кривично дело, како во случајот со припадникот на нарко-кланот „Барон“, што ја скандализираше јавноста. Минатата година беше речено дека акцент во новото законско решение ќе се стави и на депотилитизација и департизација на постапката за помилување на осудениците и на зголемување на опфатот на помилувања во однос на бројот и на времетраењето.

Осуденикот да биде во фокусот на новиот закон за помилување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот