Добро е да ги имате овие билки во спалната соба – еве зошто…

Доколку имате проблем со спиењето и сакате да го подобрите квалитетот на сонот, во спалната соба треба да пронајдете простор за растенија како лаванда, бршлен, алое вера или гербер.

Лавандата има бројни здравствени предности, а подобрувањето на квалитетот на сонот е само една од нив. Апсорбирајќи СО2, лавандата ослободува свеж кислород и го прочистува воздухот. Поради смирувачкиот мирис се користи и во фитотерапии и ароматерапии за лекување на пореметувања како што е стресот, анксиозноста и пореметувањето на сонот.

Ако не сте љубители на интензивниот мирис на лаванда, во спалната соба може да ставите англиски бршлен. Станува збор за растение кое исто така го чисти воздухот, ги отстранува сите токсини и создава опуштена атмосфера за спиење.

Мирен лилјан е билка која ќе го подобри воздухот во спалната соба за дури 60 отсто. Освен тоа, оваа билка ја апсорбира мувлата која преку своите листови ја претвора во храна.

Папратот е растение кое исто така заслужува место во вашата спална соба, бидејќи испушта кислород за време на ноќта и воздухот во спалната соба го прави посвеж и почист. Ова растение се наоѓа и на листата на НАСА за најкорисни растенија.

Воздухот почист и посвеж ќе го направат и билките како алое вера, јасмин и гербер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот