Добрите собраниски блокади
Изборите се највисокиот чин на непосредната демократија, а Изборниот законик е фундаменталниот документ што ги одредува правилата на таа врвна демократска процедура. Затоа сите измени во него се прават многу внимателно, по широка јавна расправа. И, секако, многу пред распишувањето на изборите.
Понекогаш, само понекогаш, собраниските блокади се добри. Се разбира, мислам на неизгласувањето на измените на Изборниот законик во Собранието на Република Северна Македонија. Штета што вакви, би рекол технички блокади, не се користеа кога пратениците го гласаа своето енормно зголемување на платите или барем кога ги прават оние фамозни правилници за патни трошоци.
Препорачано
Но, во тие случаи, меѓупартискиот и меѓуетничкиот консензус, се чини, многу лесно се обезбедува. Сѐ според прописите и законите, што би се рекло.
Изместени процедури
Значи, што беше спорно во овие измени? Всушност, вистинското прашање би требало да гласи: што не беше спорно? Признавам, не сум вешт во изборните математики (поточно, не сум вешт во каква било математика), ама тоа секако нема да ме спречи да се обидам, онака логички и можеби интуитивно, да потенцирам некои „зачудни“ моменти што го следеа овој процес.
За почеток – процедурата. Ете, го видовме и тој момент. Пратениците го прекинаа својот годишен одмор само за да ги донесат овие измени. Дури се собраа и во сабота да ги изгласаат, за што, веројатно, ќе добијат празнична дневница.
Самите измени, токму од процедурални причини, дури и да беа донесени, ќе беа сосема легитимни. Измените се носат по скратена постапка, што е надвор од која било практика на земјите што претендираат да се нарекуваат демократски.
И, згора на тоа, тие се носат откога изборите се веќе распишани.
Изборите се највисокиот чин на непосредната демократија, и во таа смисла Изборниот законик е фундаменталниот документ што ги одредува правилата на таа врвна демократска процедура. Затоа сите измени во него се прават многу внимателно, по широка јавна расправа. И, секако, многу пред распишувањето на изборите.
Тоа, жаргонски речено, ја обезбедува правната сигурност на изборниот процес, односно јасно и чисто ги одредува правилата на игра. Во нашиот случај, создадената конфузија и правниот вакуум, овие правила можат да се дефинираат само како „лов во матно.“ Со други зборови, со ваквата (скратена) постапка, главниот актер на изборниот процес, значи избирачкото тело, се претвора во обичен, и тоа пасивен набљудувач.
Целата колумна прочитај ја на Призма.мк
Призма
ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“


