Добра вест од Оксфорд, продолжува испитувањето на вакцината против коронавирус
Испитувањето на оксфордската вакцина против коронавирус ќе биде продолжено ширум Велика Британија, откако еден од доброволците во земјата разви несакани ефекти, а независно тело спроведе истрага за тој случај.
Како што соопштија од Универзитетот Оксфорд, независната истрага е завршена и следејќи ги препораките од британската регулаторна агенција за медицински производи МХРА, испитувањата ќе продолжат на сите локации каде и претходно се вршени.
Околу 18.000 доброволци примија студиски вакцини како дел од испитувањата, пренесува Индипендент.
Доброволецот поради кој оваа недела испитувањето беше запрено, наводно добил невролошки симптоми поврзани со ретко воспалително нарушување на ‘рбетот наречено трансверзален миелитис.
АстраЗенека, фармацевтската компанија која ќе биде производител на оксфордската вакцина и учествува во развојот на истата, објави дека паузата во испитувањето е направена „доброволно“ и дека тоа е вообичаен дел од процесот во фаза на развој на лек или вакцина, откако кај некој од волентерите ќе се појават здравствени проблеми.
Што се случи со Оксфордската вакцина? Волонтерите ги откриваат симптомите на „необјаснивата“ болест