Фото: Unsplash

До вчера 27.000 студенти ги подигнале ваучерите за електронски уреди

Повикот за ваучери за студенти за електронски уреди има исклучително добар одѕив. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За тоа дека некои студенти ги продаваат ваучерите тој посочи дека остава на совеста на оние што ги користат.

– Како ќе се искористат, тоа оставаме на совеста на тие кои што ги користат. Ние, како Влада, влеговме во овој проект, го ветивме, како и многу други, го испорачуваме се. Има и такви појави кога некој ги препродава за пониска цена. Но, мислам дека и да ги препродале, не би можеле да бидат искористени, бидејќи таму се лични податоци. Така што мислам дека се тие обиди јалови. Тоа ме загрижува, подвлече Мицкоски.

По наводите дека студенти запишани на магистерски (постдипломски) студии успеале да се пријават за доделување ваучери од 15.300 денари за купување електронски уреди, иако владиниот проект е наменет за студенти запишани на прв циклус студии, министерката Весна Јаневска денеска рече дека законот е јасен и се однесува на студентите на додипломски студии.

-Уште еднаш ќе потсетам дека тоа е акција на Генералниот секретаријат (на Владата). Ние сме посредници во остварувањето на правата на студентите. Законот вели дека право на ваучери имаат студентите на додипломски студии и на интегрирани студии до 29 години. Тоа е законот и според него студентите ќе добијат ваучери – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на кампањата против дискриминација во фудбалот.

Аплицирањето за набавка на електронски уреди почна во понеделникот, 17 ноември. Со ваучерот од 250 евра, студентите што ќе се пријават на повикот може да купат електронски уреди – лаптоп, таблет или персонален компјутер.

Како што е наведено во повикот, може да аплицираат студентите до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети. Аплицирањето е на следниот линк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот