Парно греење/profimedia
Фото: Ina FASSBENDER / AFP / Profimedia

До крајот на август граѓаните што се „откажале“ од парното можат бесплатно да се приклучат

До 31 август граѓаните кои претходно го исклучиле парното во своите домови од системот за топлинско греење можат повторно бесплатно да го приклучат.

ЕСМ Снабдување спроведува акција за бесплатно приклучување по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи  треба што поскоро, а најдоцна до 31 август, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник – информираат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100 за подетално да се информираат за постапката за приклучување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот