До 15 часот над 73 илјади гласачи ги бојкотирале претседателските избори

Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Во вториот круг претседателски избори, до 15 часот на пребројани 91,4% од избирачите, гласале 539.255 граѓани. На парламентарните, во истиот период и на пребројани 90,57% од избирачите, гласале 612.493 граѓани, што значи дека над 73 илјади гласачи ги бојкотирале претседателските избори.

Споредено со првиот круг, на денешните претседателски избори има над пет илјади гласачи помалку до 15 часот.

За да бидат претседателските избори успешни треба излезноста да биде над 40 отсто или во бројки од 1 814.317 избирачи, на гласање треба да излезат најмалку 725.727 гласачи.

За претседателските избори до 15 часот најголема излезност има во Новаци додека пак најмала во Липково.

Најголема излезност за парламентарните избори може да се забележи во Изборната единица 1 со 41,76 отсто и ИЕ3 со 39,91 отсто, понатаму ИЕ4 со 38,00 отсто и ИЕ2 со 36,35 отсто, а најмал одзив може да се забележи во ИЕ5 со 34,95 отсто и ИЕ6 со најмала излезност од 29,35 отсто.

 

Дел од Албанците не гласаат за претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот