Дистрикт бар и ресторан: Необични задоволства на Деновите на шведската кујна

Необичните и несекојдневни вкусови на шведската кујна ќе имаат можност да ги откриваат гастрономите и љубителите на вистински специјалитети на Деновите на Шведска кујна во Дистрикт бар и ресторан. Во организација на Шведската амбасада и Дистрикт бар и ресторан под мотото #TrySwedish, деновите на шведската кујна ќе започнат на 31 мај и ќе траат до 9  јуни.

Изборот на специјалитетите, иновативното мени, полно со разни изненадувања ќе го состави Магнус Албректсон, шведскиот мастер шеф заедно со (локалниот), главен шеф на Скопје Мериот хотел и Дистрикт ресторан.

Покрај импозантното искуство во приготвувањето храна, Магнус Албректсон е глобално познат по тоа што е еден од ретките готвачи кој ја подготвувал храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда којашто ја организира шведското кралско семејство.

„Шведската кујна ја одликуваат несекојдневни комбинации на храна и е базирана на достапноста на локални свежи продукти, кои често се од урбаните фарми во големите градови. Географската разновидност на Шведска е отсликана и во разновидноста на рецептите – од шумски дивеч до харинга, лосос, пастрмка и ракчиња, често во комбинација со бобинки, печурки, сенф и копар. Шведското традиционално готвење е базирано на техники за презервација на храна како пушење, закиселување и засолување, од време кога немало фрижидери да ја преземат таа улога. Всушност, суштината на шведското современо кулинарство е во неговата отвореност за разни комбинации и инспирации, трансформирајќи се себеси без да изгуби контакт со традицијата. Ова носи богатство на вкусови и број на специјалитети – секојдневни или за посебни прилики. Затоа шведската кујна е толку богата, разновидна и полна со изненадувања – нуди едноставни, а незаборавни вкусови“, вели мастер шефот Магнус Албректсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот