Директорот на ФБИ сведочи за настаните од 6 јануари во Капитол

epa09046762 EPA-EFE/LEAH MILLIS / POOL

Директорот на Федералното биро за истраги, Кристофер Реј, денеска е на распит пред сенатскиот Одбор за правосудство, темата се настаните околу упадот во Капитолот на поддржувачите на експретседателот Доналд Трамп. 

Едно од главните прашања околу кое се одвива распитот е какви напори прави ФБИ во сузбивање на насилството од страна на екстремните десничари во САД.  

На 6 јануари 2020 година, толпа од стотици поддржувачи на Трамп упадна во Конгресот, за да ја спречи седницата со која се одвиваше потврдувањето на резултатите од претседателските избори, на кои победи Џо Бајден. 

Министерството за правда против повеќе од 250 лица покрена различни кривични пријави, од заговор, до напад на припадници на безбедносните сили. Како резултат на нередите загинаа и пет луѓе. 

Од уапсените, најмалку 18 осомничени се поврзани со екстремната десничарска организација „Горди момчиња”, а околу десетмина се од антивладината милитантна група „Чувари на заклетвата”. 

ФБИ засега нема уапсено ниту еден осомничен за вклученост во убиството на Брајан Сикник, припадник на полицијата на Капитол, како и за изготвување импровизирани експлозивни направи што беа откриени во близина на главниот штаб на националните комитети на Републиканската и Демократската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот