Директорот на ЦИА на состанок во Москва

 Директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин и шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс на  состанокот во Москва разговараа за борбата против меѓународниот тероризам и соработката меѓу двете агенции.

Средбата била на иницијатива на ЦИА. Барнс од вчера е во двоидневна посета на Москва. Тој беше амбасадор во Русија од 2005 до 2008 година, а во март беше именуван за директор на ЦИА, како прв дипломат од кариера.

Барнс вчера имаше средба и со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев.

– Дијалогот што во Москва го води Барнс, може да се смета како напредок меѓу двете земји во однос на контактите меѓу нив, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека меѓу темите на разговорите на Барнс во Москва „на прво место се билатералните односи и размената на мислења за различни меѓународни прашања”.

– Дијалогот на такво ниво и дијалогот за такви деликатни прашања е исклучително важен за билатералните односи и за размената на мислења за проблемите што ги имаме, посочи Песков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот