Димовски за нападите врз полицајците: Отсуствуваше системот на казнување

Ковид кризата и изборите се двете најголеми причини за зачестените напади врз полициските службеници, оценува професорот на Факултетот за безбедност, Злате Димовски, прашан за коментар на изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој одговорот пак го гледа во зачестените оперативни акции за сузбивање на организираниот криминал.

Спасовски: Напад врз полицаец е напад врз државата!

– Изборите, а особено ковид кризата делуваат на психата на граѓаните. Луѓето премногу се ослободија и тргнаа да ја земаат „правдата“ во свои раце, сторувајќи кривични дела. Може да се забележи зголемена нервоза кај граѓаните и нетрпеливост во општеството заради здравствената состојба и се потешка е резигнацијата и се потешко луѓето би се адаптирале, во смисла на тоа дали со новиот бран ќе има нови рестрикции и полициски час, изјави за Слободен печат професорот Димовски.

Тој додава дека изминативе години отсуствувал и системот на казнување, па долг периог период преовладувало мислењето дека припадниците на МВР се заштитени, против нив не може да се преземе ништо и нивните постапки се толерирале.

– Има случаи кога полицајци пречекориле должности, но имаат и конкретно прецизирани овластувањa што може и треба да ги преземат на местото на настанот. Понатаму, треба да се работи и на засилено казнување во оние моменти кога полицајците не преземаат дејствија, а должни се тоа да го направат, вели Димовски.

Според него, а како што претходно побара и Македонскиот полициски синдикат, неопходни се измени на законските решенија со цел да се намали трендот на напади врз полициските службеници.

– Во овој момент лицата што работат во приватните фирми за обезбедување на имот и лица имаат поголеми права во однос на користење физичка сила, одбивање напад и користење оружје во споредба со полициските службеници. Треба да се изготват законски измени со цел да се спречат дејствијата на овие лица што ја земаат „правдата“ во свои раце, преку стимулирање на вербата во системот на самите полициски службеници, а секако зад нив треба да застанат и претпоставените, заклучува Димовски.

МПС: Да се заостри казнената политика за напад врз полицајци!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот