Димова е разрешена од директорската позиција во Агенцијата за европски програми

Фото: Фејсбук

Лидија Димова е разрешена од позицијата директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Одлуката ја донесе Управниот одбор на Агенцијата, откако Јавното обвинителство отвори истрага по поднесената кривична пријава против неа, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца вработени во Агенцијата.

Јовески: Доставена е кривична пријава за директорката Димова за четири кривични дела

Петтемина членови на УО сега треба да најдат нејзин наследник, односно в.д директор на Агенцијата.

Видео на денот