Димитров: Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук напиша дека европските лидери вчера вечер ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија.

Лидерите на ЕУ вчерашниот состанок го одржаа онлајн поради заканата од ширењето на коронавирусот, а токму заразата и беше главната тема.

„Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности“, напиша хрватскиот премиер Пленковиќ на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот