Димитријевиќ: Слушнав дека Партизан не ме сакаше премногу

Фото: unics.ru

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ во интервју за српски „Моцартспорт“ помеѓу другото зборуваше и за најавите дека може да го облече дресот на Партизан.

Димитријевиќ игра во одлична форма и во скоро секој натпревар е лидер на Уникс, а одличен беше и во двата настапи за македонската репрезентација против Естонија и Полска. Димитријевиќ се уште не заиграл во Евролигата, а директен контакт со Партизан се уште немало, смета и дека не го сакаат толку многу како што се пишувало во медиумите.

„Не ме контактирал никој од Партизан. Слушнав дека не се премногу заинтересирани за мене. Имаше и други понуди, но не беа конкретни. Уникс покажа желба за мене, како човек и како играч секогаш мора да ја почитувам финансиската понуда која ја имав и спортската улога која ми ја даде клубот. Едноставно, секој играч сака да се почувствува дека е ценет и почитуван“, изјави Димитријевиќ.

Одличната форма во која игра не е случајност.

„Мислам дека се поклопи се во вистински момент…Тимот, соиграчите, тренерот, стилот на игра. Секако и јас како личност созреав. Многу се посветив на индивидуалната работа. Посебно оваа сезона, работам индивидуално и пред и после тренинзите и тоа очигледно дава резултати“, смета Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот