Димитријевиќ најдобар на теренот во поразот на Уникс

Фото: BC UNICS

Maкедонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ повторно беше најдобар на теренот, но не успеа да донесе победа за неговиот Уникс Казањ.

Актуелниот шампион во ВТБ лигата денес беше поразен од Парма Перм со минимални 82:80. Натпреварот беше одлучен во последната четвртина во која тимот на македонскиот репрезентативец влезе со предност, но на крајот ја испушти.

Димитријевиќ постигна 24 поени и додаде уште три скока и четири асистенции, додека во победничкиот состав по 20 поени постигнаа Џонсон и Брајс.

ВИДЕО | Спектакуларен настап на Димитријевиќ: Постигна 38 поени против ЦСКА Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот