Максим Димитриевски-градоначалник на Куманово / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Димитриевски вели дека не се договориле со ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот во Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, не открива кој ќе биде новиот претседател на Советот на Општина Куманово, туку вели дека одлуката ќе се донесе во наредните денови, пишува „Куманово њуз“.

Димитриевски вели дека со ВМРО-ДПМНЕ, со чија поддршка тој беше реизбран на функцијата, немале предизборен договор на владејачката партија да ѝ припадне претседателското место во Советот.

„Немало никакви договори во однос на распределбата на места во предизборниот период, ниту, пак, предизборни коалиции. Имаше отворени поддршки од страна на ЗНАМ кон кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, воедно и на ВЛЕН, а исто така јас како кандидат на ЗНАМ ја добив поддршката од нашите партнери на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Немаше такви преговори и разговори, тоа ќе се случи во следните денови. Кој ќе биде следниот претседател на Советот ќе видиме на самата конститутивна седница на Советот“, изјави Димитриевски.

Во јавноста за време на изборите се шпекулираше дека нов претседател на Советот ќе биде носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Владимир Михајловски, додека, пак, сега сè почести се информциите дека на тоа место ќе седна повторно досегашната претседателка Ивана Ѓорѓиевска.

Градоначалникот вчера кажа дека, мнозинството во Советот на Општина Куманово ќе го сочинуваат советници од партиите кои се на власт на централно ниво.

„Повеќе од јасно е дека мнозинството кое е на централно ниво исто така ќе биде претставено и на локално ниво, а за деталите секако ќе бидете дополнително известени“, изјави Димитриевски.

Коалицијата ќе биде составена од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПСМ и ВЛЕН, кои заедно ќе имаат мнозинство од 19 членови во Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот