Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Димитриевски: Сите што сме тука ќе го дадеме максимумот, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија

Голманот на Македонија, Столе Димитриевски, се обрати на денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Ирска во Даблин.

Македонската репрезентација во последните два натпревари прими дури 11 голови, а противниците создадоа и голем број шанси, што беше една од главните теми на обраќањето на Димитриевски.

„Точно е дека на последните два меча примивме многу голови, имавме доста шутеви кон нашиот гол. Го анализиравме мечот со Данска, потребна ни е подобра дуел игра на средината на теренот, да дојдеме до вторите топки, да не им дозволиме да создаваат простори и да имаат толку шутеви. Разговаравме, ги знаеме грешките, треба да се подобриме“, вели Димитриевски.

Тој нагласи дека настапот за националниот дрес секогаш носи посебна одговорност и дека пристапот мора да биде максимален, без оглед на значењето на натпреварот.

„Селекторот ни дава мотивација, не мотивира, ни зборува како да играме, како да ги спречиме тие шутеви, наше е да одиграме. Јас сум професионалец, секогаш сакам да дадам максиум и да победам, сите тука размислуваме така и сме максимално фокусирани за да го дадеме најдоброто од нас и да одиграме одличен натпревар. Тоа е најмалку што можеме да дадеме за Македонија“, додаде нашиот голман.

Натпреварот во Даблин е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Македонија во изменет состав против Ирска: Трајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот