Дилери на дрога уапсени со черепи, човечки коски и фетус: Судот веднаш ги ослободил и ги пуштил на слобода

Фото: Принтскрин

Полицијата прнашла повеќе од 400 черепи, десетици коски и фетус во стаклен сад покрај олтар кај неколку осомничени шверцери со дрога во Сиудад де Мексико, за време на рација која била извршена во текот на изминатата седмица, објавија властите во неделата.

Четирите черепи биле вградени во олтар во средишната градска црква, каде полицијата уапсила 31 лице под сомнение дека се дел од картел со дрога, стои во соопштението на градските власти. Меѓутоа, судијата наредил 27 лица од нив да бидат пуштени на слобода.

На фотографијата која ја објавила канцеларијата на државниот обвинител во Сиудад де Мексико се гледаат черепи групирани околу олтарот со крст украсени со дрвена маска за лице во облик на рог.

Десно од олтарот се наоѓал обоен ѕид полн со симоболи кои вклучуваат пирамида прекрина со рака, небесни тела и козја глава со хексаграм помеѓу роговите, се гледа на фотографиите од просториите објавени во локалните медиуми.

Пред ѕидот се наоѓале низа предмети, вклучувајќи десетина стапови со обоени ознаки.

Портпаролката на канцеларијата на државниот обвинител рекла дека потеклото на черепите, кои се најмалку 42, властите уште го истражуваат.

Истражителите на местото на настанот откриле ножеви, 40 коски, фетус и 30 коски од нозе или раце, стои во соопштението.

Тепито, северно од историското јадро на главниот град, долго време бил седиште на незаконски комерцијални дејствија.

Ослободувањето речиси на сите лица уапсени во рацијата во скриени тунели и лаборатории со дрога во Тепит, се смета за неуспех на властите кои сакаат да стапат во конфликт со насилните банди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот