Дибиров ја игра последната сезона во екипата на Вардар

Тимур Дибиров, левото руско крило на Вардар 1961/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во 2013 година Тимур Дибиров (38) го облече дресот на Вардар со кој ги имаше најголемите успеси во својата професионална кариера.

Руското лево крило имаше значаен придонес во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите, како и во досегашните шест титули шампион на Македонија, уште шест во Купот, три во Суперкупот, а четирипати беше првак и на СЕХА лигата.

Во интервјуто за „SAMORAKOMET“ изјави дека ја игра последната сезона во дресот на скопските „црвено-црни“.

– Ова е мојата последна сезона во Вардар. Натпреварот против Веспрем беше мојот последен во Лигата на шампионите – рече Дибиров.

Тој посакува со клубот да освои уште една домашна титула со Вардар, да го победи директниот конкурент за врвот, Е. Пелистер од Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот