Ди Анџело и Енџи Стоун - Фото: Profimedia/EPA

Ди Анџело пред неговата смрт се борел да се справи со загубата на својата поранешна партнерка, аренби ѕвездата Енџи Стоун

Вчера ја добивме веста што го потресе музичкиот свет. Прославениот соул и аренби музичар Ди Анџело почина на 51-годишна возраст по битката со рак на панкреас, а извори блиски до пејачот открија дека тој бил длабоко потресен од смртта на неговата поранешна партнерка, пејачката Енџи Стоун претходно оваа година, пишува „Пипл“.

Иако двајцата продолжија со своите животи одделно, веста за смртта на неговата поранешна партнерка силно го погодила Ди Анџело. Извор за „Пипл“ изјави дека Ди Анџело не се појавил на погребот на Енџи бидејќи бил „екстремно емотивен“ и дека загубата била разорна за него.

Ди Анџело (вистинско име Мајкл Јуџин Арчер) и Стоун се запознале во 1990-тите, а во 1998 година го добиле синот Мајкл Џуниор. Покрај личниот живот, тие биле поврзани и преку музиката: Енџи пеела придружен вокал на неговата турнеја „Brown Sugar“, а соработувале и на песната „ Everyday“ од нејзиниот деби албум од 1999 година „Black Diamond“. Во интервју за „GQ“ во 2014 година, Стоун опишала како веднаш знаела дека тој е „роден да биде ѕвезда“, додека во 2023 година, во интервју за „VladTV“, објаснила дека Ди Анџело бил првиот што ја започнал нивната врска, иако на почетокот биле само пријатели.

Семејството на Ди Анџело ја потврди неговата смрт во емотивна изјава: „Ѕвездата на нашето семејство што толку силно светеше за нас сега ја изгасна својата светлина на овој свет. По храбра и долга борба со ракот, со огромна тага објавуваме дека Мајкл Ди Анџело Арчер, познат како Ди Анџело, почина на 14 октомври.“ Тие додадоа дека засекогаш ќе бидат благодарни за неговото „музичко наследство кое збогати генерации“.

Енџи Стоун, која почина на 1 март 2025 година на 63-годишна возраст, беше позната како повеќекратно номинирана аренби пејачка и текстописец. Иако нивните патишта одамна се разделија, нивната врска остави неизбришлив белег во историјата на соул музиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот