Џонсон: Мермерите од Партенон се во сопственост на Британскиот музеј

Британскиот премиер Борис Џонсон во интервјуто за грчкиот весник „Та неа”, не остава простор за мермерите од Партенон да  ѝ се вратат на Грција, категорично одговарајќи дека лордот Елгин ги стекнал законски, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ги разбирам силните чувства на грчкиот народ – и премиерот Киријакос Мицотакис – во врска со ова прашање. Сепак, британската влада има цврста и долгогодишна позиција во однос на скулптурите: законски беа стекнати од лордот Елгин, согласнос законите што беа во сила во тоа време. Нивниот законски сопственик се комесарите на Британскиот музеј, од тогаш кога (скулптурите) дојдоа во нивна сопственост, вели Џонсон.

Весникот коментира дека ова е првпат откако стана премиер, Џонсон, јавно да заземе став за конкретното прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот