7 C
Скопје

Џо Бајден му честиташе 90-ти роденден на Михаил Горбачов

Американскиот претседател Џо Бајден денеска му го честиташе 90. роденден на поранешниот претседател на некогашниот Советски Сојуз, Михаил Горбачов, истакнувајќи го неговиот придонес за побезбеден свет.

– Драг претседателе Горбачов, во име на американскиот народ би сакал да Ви упатам честитки по повод Вашиот 90. роденден, се наведува во писмото на Бајден.

Тој ја истакна и посветеноста на Горбачов на слободата.

– Вашата посветеност на слободата и Вашата храброст да донесете тешки, но и неопходни одлуки го направија светот побезбеден и продолжувате да бидете извор на инспирација, наведе Бајден.

Тој исто така посочи и дека искрено се надева дека петгодишното продолжување на Новиот СТАРТ е доказ дека САД и Русија можат да продолжат да работат заедно додека заеднички го носат наследството на Горбачов.

Прочитајте и...  ЕМА следната недела ќе даде мислење за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, дотогаш нема ограничувања

Горбачов беше претседател на Советскиот Сојуз од 1985 година до 1991 година. Неговиот обид за реформи доведе до крајот на Студената војна, но исто така и до распад на СССР. Тој во 1990 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар