Џасинда Ардерн: Понатамошно ширење на Ковид-19 ќе влијае на одлуката за избори

По откривањето на нови случаи на инфекција, за првпат во повеќе од три месеци, во државата повторно се на сила вонредни рестриктивни мерки.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека во случај на натамошно ширење на коронавирусот, таа ќе одлучи дали да го распушти Парламентот и да свика избори или да ги одложи.

По откривањето на нови случаи на инфекција, за првпат во повеќе од три месеци, во државата повторно се на сила вонредни рестриктивни мерки.

Официјални лица во Нов Зеланд ја испитуваат можноста вирусот да е увезен преку замрзната увезена стока затоа што еден од новозаразените работел во погон за замрзнување риба од Кина.

Сепак, официјалните лица во таа земја се убедени дека изворот на новите инфекции не е од локално потекло,  тие веруваат дека е од странство.

Сепак, епидемиолозите тврдат дека е речиси невозможно вирусот да се увезе преку замрзнати производи и најавија резултати од анализи од сите површини во погонот за замрзнување каде што работел заразениот работник.

Ограничувањата во Оукланд се построги отколку во остатокот од земјата, затоа што на жителите на тој град им било наредено да не ги напуштат своите домови, освен кога одат за да купат намирници и лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот