Џафери ја примил Предлог-одлуката за основање на анкетна комисија за СЈО

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја примил Предлог-одлуката за основање на анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на СЈО што денеска беше доставена од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека Предлогот е пуштен во собраниска процедура и дека дополнително ќе информираат за тоа на која седница ќе биде ставена оваа Предлог-одлука за формирање анкетна комисија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски претходно денеска информира дека поднеле барање за основање на анкетна комисија која би се состоела од претседател и 10 члена кои треба да истражат на што се потрошиле оклолу 15 милони евра во досегашното работење на СЈО. Во анкетната комисија, како што кажа, како придружни членови или набљудувачи, би биле поканети и претставници на шведската, американската и холандската амбасада бидејќи овие три држави имаале значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот