Џафери: Човек може еднаш да згреши во три години

Да јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот ако човек каже дека згрешив. Не е тоа што го тврдат некои медиуми. Во три години и јас имам право да згрешам

Законот за јавното обвинителство е донесен во соодветна  процедура, рече денеска спикерот Талат Џафери, ден по распуштањето на Собранието. Посочи дека негова обрврска е  доколку на лице место се утврди оти пратениците се внатре, и реагираат дека не го оствариле своето право да се изјаснат,  да ја поништи постапката за да им овозможи да гласаат. Според Џафери само така можеле да  ја изразат својата волја спречена поради техничка грешка.

-Од таа причина го поништив гласањето за да овозможам повторно да се гласаа, затоа се повтори гласањето, рече Џафери.

За Законот за Советот на јавни обвинители спикерот рече дека е негова грешка,  бидејќи бил понесен од претходното гласање на Законите за АВМУ и за Инспекторатот за јазици кои се гласале со Бадентерово мнозинство.

– Факт е дека не како дел од сценариото туку како дел од моето мислење воден дека два закони претходно беа изгласани со Бадентер, законот за АВМУ и Инсепкторатот за јазици јас укажав пратениците да се подготват да гласаат според бадентеровиот ринцип. Но кога го гледав официјалното сценарио сватив дека сум во грешка. Најнормално е човек во таква атмосфера и услови да направи грешка Тоа е моја грешка, но од неа не произлегоа последици.  Законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и дополнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање кој е објавен. Да јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот ако човек каже дека згрешив. Не е тоа што го тврдат некои медиуми. Во три години и јас имам право да згрешам – рече Џафери.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на кажаното од страна на спикерот, пратениците да се подготват за Законот за советот на јавните обвинители да гласаат и со бадентер, го проблематизираше неговото носење. Оттаму го обвинија Џафери  дека гласањето не важи оти не се гласало и според бадентеровиот принцип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот