Девојка на „ТикТок“ снима содржина што е вообичаена во Америка, но навредлива во Русија

TikTok
Print Screen

Океанот и политиката не се единствените нешта што стојат помеѓу САД и Русија. Тука се и културните разлики да не е потсетат дека некои постапки кои ги повторуваме секојдневно во нашиот живот и на кои сме навикнати, всушност се сосема поинакви на другиот крај на светот.

Алиса, ТВ-писателкатата од Лос Анџелес чие семејство е половина од Русија, а половина од Украина, снима видеа на „ТикТок“ со комична содржина која има за цел да едуцира за овие разлики кои најчесто претставуваат културни шокови како за Русите, така и Американците. Според неа, смеата, храната и прифаќањето на фактот дека нема единствен „вистински“ начин на живот помага да се поврзат различните култури заедно.

@alyssuhlyssa

When it’s the norm to live with your parents until marriage❤️‍🔥 #russianvsamerican #tiktokrussia #russiantiktok

♬ original sound – Аlyssa Lyssa🦊

„Според мое искуство, Американците кои ја посетуваат Русија се изненадени од тоа колку Русите директно комуницираат. Русите го кажуваат она што го мислат и не се обидуваат да ги ублажат вашите чувства онака како што се навикнати Американците. Русите имаат тенденција да ја ценат „искреноста“ над „убавината““, изјави Алиса за „Bored Panda“.

Од друга страна, Алиса забележува дека Русите кои ја посетуваат Америка, честопати коментираат дека комуникацијата помеѓу луѓето таму делува „лажна“ и „неискрена“ споредбено со „отворената“ комуникација дома.

„Кога ги создавам моите видеа, никогаш немам намера да се исмевам со една или друга култура. Она што ми е забавно е фактот што милиони луѓе можат да имаат сосема различни вредности и секоја група на луѓе се смета себеси за „нормална“, вели таа.

 

TikTok
Принтскрин / ТикТок

Алиса открива дека тоа што ја инспирира и мотивира да ги креира своите видеа е вкоренето во нејзиното полуруско и полуукраинско потекло.

„Мислам дека повеќето деца на имигранти се чувствуваат поделени меѓу два света. Растев со една група вредности во училиште или со пријателите, а потоа кога ќе се вратив дома, а нормите ќе се превртеа наопаку. Таму каде што растев немаше голема руска / украинска заедница, па така немав начин целосно да ги процесирам овие искуства“, вели Алиса и додава, „Кога ја посетив Украина за прв пат, се почувствував како да се разбудив од сон. Одеднаш почнав да забележувам дека има многу култури и семејства имигранти кои всушност се повеќе слични на руската и украинската отколку на стереотипната американска култура. Се надевам дека моите видеа помагаат луѓето од различно потекло да се чувствуваат поврзани, видени и барем малку посреќни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот