Дете од Скопје сруши 7 национални рекорди во решавање Рубикова коцка

Четвртоодделенецот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје освои најмногу медали – дури 13 на последното национално првенство во Рубикова коцка. Од нив два се меѓународни, а 11 се во македонска конкуренција. Тој сруши и седум национални рекорди, пренесе deca.mk.

„Macedonian Nationals 2019” беше третиот официјален натпревар во Македонија во Рубикова коцка и се одржа во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. На натпреварот учествуваа 78 натпреварувачи од седум земји – Швајцарија, Белгија, Бугарија, Грција, Србија, Косово и од Македонија.

Освен Чешмеџиевски, нови македонски рекорди поставија и Александар Дуклески (6 рекорди) и Александар Арсовски (1 рекорд). Тие тројцата исто така освоија и интернационални подиуми – Дуклески (3), Чешмеџиевски (2) и Арсовски (1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот