ДЕТАЛИ ОД НАПАДОТ ВО ЛОНДОН: Џихадистот кој убил двајца сакал да умре „во име на тероризмот“, својата девојка ја убедувал да си ги убие родителите

Се претпоставува дека Аман излегол од затвор само неколку недели пред нападот во Стретам, во јужен Лондон, за да исполни една од целите кои за себе си ги зацртал: да умре како маченик.

Дваесетгодишниот Судеш Аман, студент по природни науки и математика од Хароу, во поширокото подрачје на Лондон, кој во неделата беше убиен откако избодел две лица, бил опседнат со идејата за терористички напад со нож, дознава британски „Метро“, повикувајќи се на Централниот кривичен суд во Лондон, каде Аман кога имал 18 години бил осуден на три години и четири месеци затвор, заради поседување на терористички документации и ширење на такви содржини.

Една од жртвите во нападот, маж во 40-тите, се наоѓа во болница и е во стабилна состојба, додека другата жртва, жена од 50 години, денеска е пуштена од болница.

Се претпоставува дека Аман излегол од затвор само неколку недели пред нападот во Стретам, во јужен Лондон, за да исполни една од целите кои за себе си ги зацртал: да умре како маченик.
Тој ја признал вината за поседување и делење на терористичка документација и е осуден во декември 2018 година. Полицијата тогаш во неговиот дом во Лондон нашла бележник со неговите „животни цели“.

– На врвот на листата било да умре како маченик и да оди во загробниот живот, вели шефот на секторот за борба против тероризам на лондонската полиција, Алексис Бун.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Според неговите зборови, Аман бил „исклучително заинтересиран за насилство и мачење“ и бил опседнат со тоа да умре „во име на тероризам“.

Аман кој тогаш живеел со фамилијата во Хароу, во северозападен Лондон, поставувал на фамилијарната „Whatsapp“ група пропаганден материјал на Ал Каеда, изложувајќи ги на вознемирувачки содржини своите помлади браќа, од кои еден имал само 11 години, а на Скајп делел упатство за изработка на бомба, е откриено за време на судењето.

Повеќето негови соседи се запрепастени заради нападите во неделата и велат дека нападот ги „растажил“, дека Аман бил „сосема нормално момче“ и „дека ништо не наговестувало нешто необично“.

Од другата страна, неименувана тинејџерка изјавила дека тој зборел дека е терорист, но дека таа мислела дека тој се шегува.

– Имаше обичај да каже: „Имам бомба во џеб, направи уште еден чекор и ќе те кренам во воздух“. Мислевме дека се шегува, изјавила таа.

На денот на изрекување на пресудата во 2018 година, Кели Броклхерст рекла дека при апсењето во мај 2018, во неговиот дом биле најдени воздушна пушка, црно знаме и борбен нож.

– Обвинетиот со фамилијата, пријателите и девојката разговарал за своите екстремни мислења за џихадистите и желбата да изврши терористички напад. Особено сакаше да користи нож, рекла таа.

Аман од интернет симнал повеќе прирачници за убивање, како што е „Крвава бразилска техника на борби со ножеви“. Книгата од 79 страни содржи упатства како со нож можат да се погодат виталните органи за жртвата „брзо да изгуби свест и да умре“.

Во другиот прирачник „Борба гради во гради“, инаку наменет за обука на американските маринци, се наоѓаат упатства кои се однесуваат на користење на борбениот нож и ранување на вратот, препоните и срцето.

Аман, покрај тоа, нарачал нож на адресата на својата девојка, на која и рекол дека Исламската држава е „најдоброто што можело да му се случи на Исламот“.

Девојката наводно ја убедувал да ги убие родителите, а помладите браќа се обидел да ги радикализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот