Деспотовски: Зголемениот број на заразени се должи на неодговорното однесување на поединци

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Јован Деспотовски од Фондот за иновации во отвореното студио на 24 анализа рече дека во овој период економијата е во втор план на сметка на ширењето на вирусот и дека луѓе се исплашени. Тој потенцираше дека зголемениот број на заразени се должи на неодговорното однесување.

-Секое запирање на економските текови, реално има своја цена и ние таа цена веќе ја гледаме и ќе ја гледаме допрва. Оваа бројка на заразени не е од вчера, не се од олабавувањето на мерките, туку се од неодговорното однесување на поединци во периодот кога требаше да се внимава, таа цена ќе треба да ја платиме, и тоа не државата, туку поединците и граѓаните- рече Депостовски.

Тој вели дека мерките не се задоцнети и дел од нив се реализираат. Првиот и вториот пакет на мерки беа насочени кон компаниите и во одреден дел се реализирани.

„Владата покажа дека може да биде вистински партнер на компаниите. Мора да најдеме начн со третиот метод на мерки да се вратат приходите – рече Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот