Јован Деспотовски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Деспотовски: СДСМ имал и ќе има многу поголеми личности од Филипче

Јован Деспотовски, долгогодишен функционер и кадар на СДСМ денеска излезе со реакција по најавата на СДСМ дека бара негово исклучување од партијата, изразувајќи јавно разочарување од одлуките на актуелното раководство и со констатација дека не очекувал од неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар.

– Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме – истакна тој во реакцијата.

Со порака и до актуелниот претседател Венко Филипче дека партијата имала и ќе има поголеми личности од него.

– СДСМ имал и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва – нагласи Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот