Десет омилени филмови на големиот Федерико Фелини: Од Хичкок до Кјубрик!

профимедиа

Италијанскиот режисер и сценарист Федерико Фелини, се прослави како еден од највлијателните филмаџии на сите времиња.

Неговата богата кариера траела скоро 50 години, а Фелини изградил репутација како некој кој на единствен начин умее да ги спои фантазијата, друштвените теми и природата на човекот. Имал својствен пристап и сакал контроверзни наративи.

Филмовите на Фелини како што се „8 ½“, „La Dolce Vita“, „Nights of Cabiria“, „Juliet of the Spirits“ и „Fellini Satyricon“ му донеле 12 номинации за Оскар и нова фраза во филмската естетика „фелинијевски“.

„Кога ќе почнам филм, имам пред себе сценарио, но го менувам секој ден. Во него додавам она што ќе ѝ се случи на мојата имагинација тој ден. Тргнуваш на пат, знаеш каде ќе стигнеш, но не и што ќе се случи во меѓувреме. Сакаш да се изненадиш“ рекол тој.

Кога барал инспирација за различни форми на уметничко остварување, Фелини секогаш многу искрено зборувал за тоа кој филм на друг режисер му помогнал во тоа. Еднаш бил запрашан да избере кои филмови тој ги смета за најдобри во историјата. Го направил тоа многу лесно, покажувајќи дека ги сака Куросава, Хичкок, Кјубрик и други.

Така настанала листата на омилени филмови на Федерик Фелини.

1. „The Circus“ од 1928 / „City Lights“ од 1931 / „Monsieur Verdoux“ од 1947 – Чарли Чаплин

2. Било кој филм за браќата Маркс или Станлио и Олио

3. „Stagecoach“ од 1939 – Џон Форд

4. „Rashomon“ од 1950 – Акира Куросава

5. „The Discreet Charm of the Bourgeoisie“ од 1972 – Луис Бунел

6. „2001: A Space Odyssey“ од 1968 – Стенли Кјубрик

7. „Paisan“ од 1946 – Роберто Роселини

8. „The Birds“ од 1963 – Алфред Хичкок

9. „Wild Strawberries“ од 1957 – Ингмар Бергман

10. „8½“ од 1963 – Федерико Фелини

Федерико Фелини починал на 31 октомври 1993 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот