Денот на полицијата одбележан со оддавање почит на загинати полицајци во Тетовско
Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција 7 мај денеска делегации на институции, политички партии, здруженија, како и семејствата и пријателите ги посетија вечните почивалишта на неколкумина трагично загинати полициски службеници од Тетовскиот регион.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во кругот на Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај беше положено цвеќе пред спомен бистата на Цоки Стојановски, полицаец загинат во 2001 година.
-Со едноминутно молчење, како и со положување на цвеќе беше оддадена почит за полицискиот службеник Цоки Стојановски кој загина извршувајќи службена должност во 2001 година. Загина на 28 години, а остави зад себе сопруга и две малолетни деца, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Со полагање свежо цвеќе почит им беше оддадена и на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски двајцата припадници на специјалните единици на македонската полиција од Тетовско кои загинаа на 9-ти мај 2015 година во акцијата во кумановската населба „Диво насеље” . Колегите му оддадоа почит и на Дано Петрески службеник, крим-техничар кој го загубил животот во полициска акција во Палчиште во 1997 година. Почит со полагање свежо цвеќе Тетово му беше оддадена и на полицаецот Живко Јовановски кој почина во 2014 година во несреќен случај.


