Денеска Шер полни 77 години: Татко ѝ ја напуштил, се откажала од учењето за да работи како келнерка

Фото: Instagram/ Cher

Светски познатата пејачка Шер е родена како Шерилин Саркисијан Лапиер во калифорнискиот град Ел Центро на 20 мај 1946 година. Нејзиното детство било исполнето со трауми, кои подоцна се одразиле на многу работи во животот.

Нејзините проблеми започнале уште кога била бебе. Имено, таткото на Шер, Џон Саркисијан, кој бил возач на камион со ерменско потекло, водел голема битка со дрогата и алкохолот. Кога Шер имала само 10 месеци, тој решил да се разведе од мајката на пејачката, Џорџија Холт.

Фото: Instagram/ Cher

Од друга страна, нејзината мајка сама ја воспитувала, но не можела да и се посвети како што треба. Повремено се занимавала со манекенство и глумела во филмови, меѓутоа Џорџија морала да работи и како келнерка за да ѝ ги обезбеди на Шер основните работи. Се мажела неколку пати, па често се селеле. Во еден тежок период, нејзината мајка дури ја оставила во сиропиталиште неколку недели, а иако се гледале речиси секој ден, тоа било трауматично искуство за пејачката.

Како тинејџерка го напуштила училиштето и почнала да живее самостојно во Лос Анџелес. Работела како келнерка, секретарка и танчерка на булеварот „Dawn“ додека не го запознала Сони Боно. Овој текстописец на многу хитови ја препознал како ѕвезда, па набрзо почнале да работат заедно.

Фото: Wikimedia/ Sonny and Cher

Љубовта меѓу нив се родила преку заедничката работа. Тие се венчале во 1964 година, а остварија успех во 1965 година со песната „I Got You, Babe“. Во 1971 година го започнаа телевизиското шоу „The Sonny and Cher Comedy Hour“. Плод на нивната љубов е ќерката Честити. Меѓутоа, во 2009 година, Честити ѝ призна на мајка си дека е лезбејка и го промени полот.

Љубовта со Сони не траеше долго, а нивниот развод бил многу мачен. Она што ја шокираше јавноста е нејзиниот брак со рок музичарот Грег Алман, само неколку дена по нејзиниот официјален развод со Сони.

Овој брак го одбележаа скандали, бидејќи само седум дена по венчавката таа поднесе барање за развод поради неговите проблеми со пороците. По една година се смирија и го добија синот Елајџа Блу.

Фото: Instagram/ Cher

Ричи Самбора, гитаристот на рок групата „Бон Џови“, исто така не одолеа на харизматичната пејачка, како ни актерот Вал Килмер, и Том Круз со кој беше неколку месеци.

По неуспешниот албум во 1977 година, пејачката решава да го промени правецот и снима песни во диско стил, што ѝ донесе голема слава на крајот на седумдесеттите.

Првата половина на деведесеттите години не беше најдобар период за талентираната Шер. Таа страдаше од хроничен замор, нејзиниот син Елајџа стана зависник од дрога, а поранешниот сопруг Сони Боно објави автобиографија во која Шер ја претстави како егоистична, ладна и неблагодарна личност.

Фото: Instagram/ Cher

Својот голем камбек го доживеа во 1998 година со албумот „Believe“, кога повторно владееше со топ листите ширум светот.

Фото: Instagram/ Cher

За време на нејзината многу богата и успешна кариера, медиумите повеќе ѝ попречуваа отколку што ѝ помагаа. Постојано беше мета на критики поради нејзиниот изглед. Но, оваа неповторлива уметница се чини, изгледа подобро отколку во младоста. Таа е голема инспирација за многумина и денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот