Денеска се осветува манастирот Свето Преображение Господово, кој се издигна по заслуга на големиот Тоше Проески

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Познатиот манастир Свето Преображение Господово кај Крушево, кој особено се издигна по заслуга на големиот Тоше Проески, денеска ќе биде осветен.

Крушевско-демирхисарскиот Митрополит г. Јован донел одлука за негово осветување, откако целосно е завршена изграбата, што траеше долги години.

Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г. г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

„Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“, се наведува во соопштението од Крушевско-демирхисарската митрополија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот