Денеска се навршуваат 74 години од раѓањето на доајенот на македонскиот театар, легендарниот актер Ванчо Петрушевски
Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 година во Скопје. Завршил Висока музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје, а во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Препорачано
Првата улога ја играл во „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ.
Во матичниот Драмски театар се пензионираше во 2016 година, но беше активен на сцената и последните години. Меѓу неговите последни улоги е во претставата „Буре барут“ во режија на Сашо Миленковски.
Петрушевски е познат по улогите во голем број на ТВ-емисии, радиодрами, филмови, претстави, како: „Македонски народни приказни“, „Хихирику“, „Ангели на отпад“, „Трст виа Скопје“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Трето доба“, „Диво месо“, „Грев или Шприцер“, „Солунски патрдии“, „Опстанок“, „Пресуда“.
Награди:
- Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски
- Најпопуларно ТВ-лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
- Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
- Награда за најдобро глумечко остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ — Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ
- Државна награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година
- Награда „11-октомври“ 2016 година
Петрушевски, почина на 25 август 2018 година на 67-годишна возраст од струен удар во скопското село Орешани, додека работел на својот имот.


