Денес започнува производството на Спутник V во „Торлак“

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина слета вчера во Белград. Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да достигне точка на вакцинација за 10 дена.

Во Србија денес започнува производството на руската вакцина „Спутник V“ против вирусот корона.

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина слета вчера во Белград. Министерот во Владата на Србија задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, вчера изјави дека сè е подготвено во „Торлак“ и дека производството на руската вакцина ќе започне попладнево.

Тој истакна дека производството на втората доза на вакцината е многу комплицирано. Нагласи дека вакцината ќе се користи првенствено за граѓаните на Србија, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но и дека Србија ќе му помогне на регионот.

Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да достигне точка на вакцинација за 10 дена.

На 19 мај, Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и одобри вакцината „Спутник V“ да се произведува во овој српски институт во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот