Ден на жалост во Босна, ќе бидат погребани шесте тинејџери кои се задушија во викендичка

Денеска во Ракитна во БиХ ќе бидат погребани шесте млади кои се задушија од гас на дочекот на Новата година во Посушје.

Тоа се Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Миа Солдо, Жана Павковиќ, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ. Нивните двајца колеги Мирела Резо и Стјепан Јукиќ се погребани вчера.

Во Федерацијата БиХ е ден на жалост. Заедничката миса задушница ќе ја предводи мостарско-дувањскиот бискуп и Петар Палиќ.

Шефот на полицијата на Западнохерцеговачкито кантон Милан Галиќ рече дека истрагата се уште трае.

-Во викендичката, како што е утврдено со увидот, имало и печка во која имало жар, а за да се утврди точната причина за смртта, односно да се утврди како дошло до задушување, ќе се спроведе и вештачење на оџакот, рече Галиќ.

Борислав Чуљак, дежурниот јавен обвинител од Западнохерцеговачкиот кантон, со долгогодишно искуство, остана потресен од трагедијата.

„На кој начин се случило тоа, ќе покажат резултатите од обдукцијата, но и вештачењето кое ќе го спроведеме. Ќе направиме и одредени вештачања кои се однесуваат на просторот во кој се случи трагедијата. Имав неколку вакви случаи, но со толкав број на мртви, не сум имал. Посебно ме погоди тоа што станува збор за млади, 19-годишни“, заклучи Чуљак.

Нови откритија во истрагата за смртта на осумте тинејџери: Нарачано е и вештачење на оџакот и шпоретот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот