Ден Дончев ОТКРИВА: Колку пари зел кумот на Груевски, зошто е СОМНИТЕЛНА концесијата на Диамед

Директорот на ФЗО Ден Дончев на денешната прескоференција објаснуваше дека концесијата на центирте за дијализа во земјава е направена кон сомнителни околности и дека постојат основни сомневања дека се тргувало со влијание и се направила злоупотреба на службената должност во што е вплетка порнашниот премиер Никола Груевски преку неговиот кум Ристо Новачевски.

Во 2013 година, Министерство за здравство спроведува тендерска постапка за доделување концесија за дијализа која дотогаш е правена во рамките на јавното здравство. Диамед Македонија и Систина ги добиваат концесиите иако немаат никакво претходно искуство со дијализа.

-Притоа, отфрлени се легитимни странки инвеститори. Со концесијата се дава ексклузивност, односно монопол поделен по градови за вршење дијализа за двете фирми, за период од 20 години. Ваквиот монопол е спротивен на одредбите од ЕУ регулативата. Спротивен е и на Европската повелба за права на пациентите за правото на избор. Ниедна друга здравствена дејност нема монопол. Според договорот во 2014 година, кај дијализите граѓаните немаат избор, и тоа во наредните 20 години – рече Дончев.

На овие две приватни фирми им се гарантира минимална цена од 90 евра по дијализен третман додека претходната цена во јавното здравство изнесувала околу 70 евра по третман. Двете фирми ја превземаат од јавното здравство и функционалната опрема за дијализа без никаков надоместок.

-Значи од постоечката документација се гледа дека двете фирми добиле здравствен бизнис со минимално претходно искуство, минимални сопствени инвестиции, со гарантирани пациенти, со гарантирана цена и приход и гарантиран огромен профит. Иако двете фирми се домашни, тогашното Министерство за здравство се согласува во случај на спор местото на арбитража да биде Париз.За споредба, на сериозни странски инвеститори во Северна Македонија им е определено место за арбитража да е судот во Скопје.Ако во случај, “од кои било причини” Министерството за здравство предвреме го раскине договорот, државата била обврзана да исплати договорена казна според утврдена формула. Според таа формула ако сега го раскинеме договорот со Диамед, треба да платиме 28 милиони евра. Наспроти огромниот профит, единствена финансиска обврска на концесионерот Диамед е да му плаќа месечен надоместок од 7.500 денари на Министерството за здравство- потенцираше Дончев.

Диамед почнува да работи од 1 февруари 2014 година. Фондот за здравство на Диамед му исплаќа вкупно 42.500.000 евра до 31 декември 2018. Имајќи предвид дека бројот на пациенти за дијализа постојано расте, приходот кој Диамед може да го очекува од ФЗО до крајот на концесијата е минимум дополнителни 160 милиони евра. Според пресметката на Дончев за 20 годишното време траење на концесијата Диамед ќе оствари најмалку 200 милиони евра приход од ФЗО.

-Соочени со овие поразителни факти и одредби од договорите и концесијата, кои очигледно не ги штитат ниту државните интереси ниту интересите на пациентите со дијализа, Министерството за здравство и ФЗО уште во ноември 2017 година почнаа да ги разгледуваат условите и околностите под кои беа издадени концесиите за дијализа. Истовремено, имавме информација дека на Ристо Новачевски, кум на некогашниот премиер Никола Груевски и воедно брат на неговата лична секретарка, Диамед Македонија во периодот 2014 до 2017, му исплаќа вкупни износи од плата од преку 10 милиони денари, исплата на надоместоци околу 17 милиони денари, разни готовински исплати од речиси 9 милиони денари и преку картичка на Диамед Македонија, лицето подига 12 милиони денари, кеш пари од банкомат – рече Дончев.

Тој вели дека поради поврзаноста на Ристо Новачевски со Никола Груевски. Логично се поставија прашањата: Дали има судир на интереси или злоупотреба на службена положба и овластување при доделувањето на концесијата на Диамед Македонија? По кој основ државата се задолжила да плаќа огромни штети на концесионерот доколку предвремено се прекине договорот во било кој случај, а истовремено единствен финасиски надомест кој требало да се плаќа за концесијата изнесувало симболични 125 евра месечно? Дали е легално или воопшто пожелно да се издава концесија која гарантира ексклузивен период од 20 години? Дали имало злоупотреба на моќ или други нелегални дејства? По кој основ се исплатени огромни средства на Ристо Новачевски? Дали зад Вера Иванова всушност се кријат вистинските сопственици на Диамед Македонија?.

Сопственичката структура на Диамед Македонија од нивниот почеток до април 2016 е Вера Иванова 50 посто и Метромед ДОО 50 насто.Сопственици на Метромед ДОО се повторно Вера Иванова со 50 посто и извесен Оливер Тодоров со 50 насто.

-Интересно, во април 2016 година, кога започнува Вистината за Македонија или таканаречените бомби, следи промена на сопственичката структура при што Вера Иванова префрлува 25% од нејзиниот удел за симболичен износ на компанијата Смарт Холдинг Дубаи. Сопственик на Смарт Холдинг Дубаи се појавува Генерал Солушонс Лимитед, Panama Trustee фирма која беше во скандалот Panama papers. До денеска не се знае кој е конечен сопственик на панамската фирма – објасни Дончев.

Пред МЗ и ФЗО да имат шанса формално да започнат со истрагата за Диамед, во јануари 2018, Диаверум, компанија за дијализни услуги од Шведска, остваруваат средба со ФЗО и МЗ и ги известуваа во нивната намера ја купат Диамед.

-Им препорачуваме и вербално и писмено преку Амбасадата на Шведска, дека МЗ и ФЗО имат намера да започнат истрага и ревизија околу начинот на кој еприватизирана дијализата, вклучувајќи ги меѓу другото и времетраењето на концесијата, цената и местото на арбитража.По ова, Диаверум Шведска се повлекуваат од намерата за купување на Диамед. Диамед Македонија продолжува да функционира нормално, но на 2 јули 2018, Метромед ДОО го префрлува својот удел од 50% на Вера Иванова. Така, таа станува 75-постотен сопственик на Диамед, а Смарт Холдинг Дубаи останува со 25% сопственост. Конечно, на 18 август 2018 се врши уште едно префрлување на удел при што Смарт Холдинг Дубаи се стекнува со 75% сопственост во Диамед, додека Вера Иванова останува со 25%.Од денешен аспект, знаејќи дека за неполни 7 недели по последниот трансфер на удел, 100% од уделот на Диамед се продава на Диаверум Шведска за околу 12 милиони евра, се поставува прашањето зошто Вера Иванова ги има правено сите овие трансакции при промена на сопственоста – прашува Дончев.

Тој прашува дали намерата била да се избегне данок на капитална добивка имајќи предвид номиналните цени по кои се префрелни сите овие удели во споредба со конечната цена која Диаверум ја има платено?дали намреата била да се прикрие трагата на парите и дали ова е направено со цел вистинските сопственици на Смарт Холдинг  да можат да дојдат до парите без да се остави трага во Македонија на кој точно припаѓат тие пари.

-Истрагата од Основното Јавно Обвенителство секако ќе треба да утврди вистинските мотиви за овие трансфери на удели – рече Дончев.

При крај на октомври 2018, Диаверум повторно доаѓаат во Македонија и го известуваат Министерството за здравство дека имаат намера да ја купат Диамед Македонија и дека таа одлука е веќе донесена.

-На 31 октомври 2018, МЗ писмено и детално директно го известува Диаверум дека под нормални околности, државата не би имала никаква инволвираност при трансакција помеѓу две приватни компании.Но, случајот со Диамед Македонија е вонреден поради тоа што имаме разумен основ за сомнеж дека постојат криминални дејствија околу Диамед Македонија. Клучни два момента се: сомнежите за наместен и криминален тендерски процес при што е издадена 20 годишна ексклузивна концесија на Диамед и злоупотреба на службената положба и овластувањa на лица кои беа во врвот на власта. Се сомневаме дека некои од овие лица се вистински сопственици на Диамед, сокривајќи се зад други лица и офшор фирми. Писмото истовремено ги предупредува Диаверум за можните правни последици доколку истражните органи и судот ги потврдат овие наши сомнежи – вели Дончев.

И покрај ова писмо, Диаверум го купува Диамед Македонија. Во ноември 2018та, Централен регистер уредно врши трансфер на сопственоста на Диамед од Вера Иванова и Смарт Холдинг Дубаи на Диаверум Шведска.

-Сакам да потенцирам дека Државата не правиникакви пречки при превземањето. Диаверум префрлува 2,5 милиони евра на сметка на Вера Иванова во банка во Северна Македонија и 9 милиони евра на сметка на банка во Монако. Државата добива потврда од Монако дека истиот ден кога се префрлени парите на сметката во Монако, Ристо Новачевски на свое име отвора банкарска сметка во истата банка во Монако. Брзо потоа, по барање на државните институции 2.5 милиони евра на сметката на Вера Иванова во Скопје и 9те милиони на сметката во Монако се замрзнати бидејќи се води предистражна постапка – објасни Дончев.

Тој рече дека нема информација дали со истрагата на ОЈО е опфатена и Систина, која исто така добила концесија иако на многу помал дел од центрите за дијализа. На прашањето зошто сите овие информации не ги презентирал пред јавноста порано, а не дури сега откако Вера Ивановска му поднесе кривична пријава, Дончев рече дека не сакал да наштети на истрагата на ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот