Ден Дончев доби казна од 150 евра

Ден Дончев

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев заработи парична казна во висина од 150 евра од антикорупциска.

И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

Дончев доби прекршочна санкција за непријавување на промена на имотна состојба и му беше одредена казна од 150 евра.

Инаку, лани во медиумите се појави видео на кое се гледа како Ден Дончев од едно лице зема купче со пари и ги става во својта торба. Токму за името на Дончев се поврзуваа повеќе афери, ама истиот не никогаш не оговараше пред лицето на правдта, а не се знае дали се уште се наоѓа во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот