Демерџиев: Бугарските граѓани на граница беа незадоволни, а не радикални

Двесте бугарски државјани беа блокирани на граничните пунктови со Северна Македонија на денот на празнувањето на Гоце Делчев во саботата на 4 февруари изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев, според кого објаснувањето на македонската страна дека Бугарите не се пропуштени поради пад на системот се апурдни.
– Бугарите беа блокирани во т.н „ничија земја“ откако беа обработени од нашите гранични органи и останаа необработени со часови од граничните власти на РСМ. Тоа кај нив предизвика незадоволство, но во никој случај радикални чувства – рече Демерџиев.
Тој потенцира дека граничните премини на Македонија кон Бугарија не функционирале на европско ниво, односно европскиот став за оваа прашање е дека граѓаните поминат непречено.
Македонското објаснување за доцнењето беше дека немаат струја, рече министерот, заради што ветил дека Бугарија ќе донира генератори.
– Кога има апсурдни објаснувања за некоја ситуација, нормално е да се добие апсурдна понуда за помош. Ова е моја понуда. Тоа е знак дека мора да бидеме искрени во односите – рече министерот за внатрешни работи.
Тој смета дека немањето политичка волја е вистинската причина што луѓето не биле примени во Македонија.
Потсетува дека при посетата на Скопје на почетокот на минатата недела дал јасен знак за подадена рака за соработка и ги посочил сите проблеми кои побарал да се избегнат при прославата на Гоце Делчев.
– Она што беше непријатно во овој случај е што дел од проблемите што ги посочив не најдоа сила и волја да ги решат, со тоа што не дозволија многу бугарски граѓани да се поклонат на местото каде што се положени смртните останки на Гоце Делчев. Зборовите, делата и ветувањата се разидоа – рече Демерџиев.
Тој додаде и дека Бугарија во повеќе наврати покажала дека нападите врз бугарските културни клубови, јазикот на омразата, нападот врз охриѓанецот Христијан Пендиков предизвикуваат провокации, кои пак предизвикуваат контрареакции и „ако не го запреме овој бран, тој ќе се претвори во лавина и ќе ги попречи целите што ги имаат двете земји“.