Делта-сојот официјално е регистриран во 92 земји

Profimedia

Корона-вирусот „делта“ зема замав низ светот. Досега оваа варијанта која првично е детектирана во Индија, се рашири низ 92 земји, потврдуваат од Светската здравствена организација.

Оттаму велат дека оваа мутација загрижува со оглед на брзината на пренесување, но и кај неа, вакцината во две дози штити од сериозна болест и смрт.

-Земајќи предвид дека немаме целосна вакцинација, оваа варијанта ќе продолжи да се шири. Имаме неодамнешна студија направена во Шкотска според која има зголемен ризик од хоспитализации, но ова е првично истражување на една земја кое треба дополнително да се истражува за целосно да се дојде до заклучок. Немаме индикации дека оваа варијанта ја зголемува смртноста, но истата се истражува додека се шири низ светот. Во однос на ефикасноста на вакцините, знаеме дека вакцините се ефикасни кон сите варијанти, вклучувајќи ја и „делта“ варијантата, кога говориме за сериозна болест или смртен исход. Ова е добар знак,вели Марија Ван Керхов – СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот