Делови од Карпош и Центар денеска без вода поради санирање на дефект

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, денес делови и Центар и Карош ќе бидат без вода поради санирање на дефект.

Поради отстранување дефект на затворач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф 80мм, на улица Питу Гули 4, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Питу Гули, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов, Капиштец, Караорман, Ацо Карамнов и Ловќенска коишто се во Општина Карпош и Општина Центар.

· Поради отстранување дефект на затворач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф 100 мм, пред влезот на ГТЦ, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Мирче Ацев, Мирче Мацан и дел од ул. Филип 2 на потегот од од Градска Болница – Наум Охридски до хотел – Холидеј Ин, во Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот