Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Зечевиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев, Евгенија Јанакиеска од СДММ и Ѓунер Исмаил, денеска на дванаесетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

Претседателот Глигоров беше политичарот кој со својата мудрост и искуство ја обезбеди независноста на државата, успеа да ја зачува безбедноста и мирот во период кога регионот беше зафатен од виорот на војната.

Ќе остане запаметен како Претседател кој прв се обрати на македонски јазик од говорницата на ОН на 8 април 1993 година кога Република Македонија стана 181 членка на Обединетите Нации.

Македонските граѓани и членовите на СДСМ со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувања на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата.

Со членска книшка 001 на СДСМ, Глигоров со својата мудрост, храброст и визионерство, ги постави темелите на независна, демократска суверена држава признаена од целиот свет, која денес е дел од НАТО и наскоро ќе стане дел од ЕУ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како одговорна и државничка партија ги негува и спроведува вредностите коишто претседателот Глигоров ги остави зад себе, велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот