Дела од македонски автори се претставени во Рим

Уметниците Ѓорѓе Јовановиќ, Нада Прља, Христина Иваноска и Јане Чаловски учествуваат на групната изложба „Поголем од мене: Херојски гласови од поранешна Југославија“ во Националниот музеј на 21 век MAXXI во Рим. Клучното прашање со кое се занимава групната изложба е „Дали социјалистичкото наследство може да помогне во обновување на концептот на ’јавното добро‘ на просторот на сложената територија што неодамна ја претрпе драмата на граѓанската војна и подемот на национализмот наспроти мултиетничката припадност што го карактеризира овој регион, како и економската криза која влијаеше на цела Европа?“ Кураторка е Зденка Бадовинац од Словенија, а изложбата ќе трае од 5 мај до 12 септември.

Делото „Протестен споменик“ на Ѓорѓе Јовановиќ

Повеќе од 50 уметници, меѓу кои и Марина Абрамовиќ, Сања Ивековиќ, ИРВИН, Желимир Жилник, Давид Маљковиќ, Марјетица Потрч, Милица Томиќ, Марта Попивода и Ана Вујановиќ, Младен Стилиновиќ ја препрочитуваат историјата на регионот преку гестовите на современите херои, поттикнувајќи нови и значајни размислувања за темите на гостопримството и соживотот. Изложбата претставува ново поглавје во програмата на Музејот, која преку редица истражувања посветени на Блискиот исток и Медитеранот, се занимава и со уметничките ферментирања на авторите од земјите од поранешна Југославија со специфичен клуч на интерпретација.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 79, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 мај 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот