Дејвид Бекам се облече како Елтон Џон и ги воодушеви фановите (ФОТО)

По летувањето со децата на југот на Франција, Дејвид и Викторија Бекам продолжија со одморот на јахтата на Елтон Џон со пејачот и неговиот сопруг Дејвид Фурниш.

На своите Инстаграм профили сите споделија по неколку фотки од нивниот заеднички одмор, а големо внимание привлече Викторија во белиот елегантен фустан.

Но ништо помалку популарна не беше ниту фотката која ја објави Викторија од својот сопруг на која тој не личи на себе, но затоа неодоливо потсетува на својот познат пријател.

„Ова е се!“, напиша поранешната Викторија во описот на фотката со хаштаг „Rocketman“, кој воопшто не ни беше потребен за да заклучиме дека Дејвид инспирацијата за својот изглед ја пронашол во Елтон Џон.

Фотката за кратко време привлече стотици илјади лајкови, а ако судиме според коментарите под неа, се чини дека фановите се воодушевени од „новиот имиџ“ на Дејвид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот