Де Соуза: Треба да размислуваме за иднината на Европа за да одговориме на надежите на луѓето

Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Завршувајќи ја својата посета Бугарија претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, истакнат професор по право и политички науки и истражувач, вчера на најстариот бугарски универзитет „Свети Климент Охридски“ беше одликуван со почесната титула „Доктор Хонорис Кауза“, јави дописникот на МИА од Софија.

Португалскиот претседател одржа и предавање на тема „Европа – перспектива за иднината” и притоа истакна дека гестот направен од софискиот универзитет „Свети Климент Охридски” значи многу за секој академик. Според него, демократија значи слобода и владеење на правото. Таа е постојан предизвик, бара секојдневна промена на подобро, а нашите активности или го подобруваат или го влошуваат нејзиниот квалитет.

Де Соуза, исто така, кажа дека треба да размислуваме за иднината на Европа за да ги исполниме надежите на луѓето. Нејзиното идно глобално место зависи од исполнувањето на сите предизвици со кои се соочува ЕУ и истакна дека најголемата сила на Европа е знаењето.

Од своја страна, бугарскиот претседател, Румен Радев, коментираше дека Бугарија и Португалија ги обединува нивната историја, богатото културно наследство и инспирацијата на своите народи кои работат за подобра иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот