Де Лихт ќе биде вториот најплатен играч во Серија А!?

YouTube

Италијанските шампиони се подготвени да му обезбедат на младиот Холанѓанец де Лихт годишна плата од 14 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Јуве му понуди на Ајакс 70 милиони евра за талентираниот фудбалер. Ова не е ништо ново, бидејќи и од претходно се најавува каде би можел да ја продолжи кариерата.

Со оваа плата Де Лихт ќе стане втор најплатен фудбалер во Серија А. Најплатен во италијанскиот фудбал е Кристијано Роналдо со плата од 31 милион евра годишно.

Лани одигра вкупно 55 натпревари за Ајакс со седум гола и четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот