Де Лаурентис во обид да ја спаси сезоната, Елмас и Наполи ќе имаат нов тренер?!

фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Претседателот на италијанскиот фудбалски шампион Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обидува да ја спаси сезоната од неговата лоша и погрешна одлука да го замени Лучано Спалети со Руди Гарсија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека првиот човек на клубот од Неапол денеска ќе има интервју со Гарсија и дека не е исклучена разделба. Наполи е дури петти на табелата во Серија А со 14 бодови, веќе седум помалку од Милан и пет зад Интер, но исто толку голем проблем е што Гарсија е во лоши односи со првите ѕвезди Хвича Кварацхелија и Виктор Осимен.

Се шпекулира дека главни кандидати за клупата на Наполи се Игор Тудор и Греам Потер. Тудор имаше солидни резултати со Олимпик од Марсеј, но како и многумина не се согласуваше со раководството.

Иста е ситуацијата и со Греам Потер, кој е без работа откако го напушти Челси. Англичанецот правеше чуда во Брајтон, но Челси не беше средина за неговата филозофија. Се споменуваше и Антонио Конте, но некако повеќе гледа кон клупата на Рома, бидејќи на „тенок мраз“ е и Жозе Мурињо.

Што се однесува до македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, тој до сега не добива не добива голема минутажа во редовите на Наполи. Во Серија А најмногу играше против Џенова, вкупно 45 минути, а дури три натпревари од шампионатот ги гледаше од клупата за резерви, последниот во неделата во домашниот пораз од Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот