Де Хеа го одби Јунајтед, си заминува од „Олд трафорд“

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Давид де Хеа ја одби понудата на Манчестер јунајтед да потпише нов договор кој ќе му носи 350.000 фунти неделно и на раководството му стави до знаење дека доколку ова лето не биде продаден, тогаш во наредната година ќе го напушти „Олд трафорд“.

Имено, голманот на шпанската репрезентација не верува дека клубот може да состави тим со кој ќе се вклучи во трката за титулите и одлучен е во намерата да си замине од Манчестер јунајтед.

Меѓутоа, англискиот тим нема намера да му дозволи на Де Хеа да си замине без обесштетување и подготвени се да седнат на маса со ПСЖ доколку „светците“ понудат 80 милиони евра. Засега, оваа сума е неприфатлива за ПСЖ кој е спремен да плати највеќе 60 милиони евра за голманот на кого договорот му истекува идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот